Достапни линкови

Хејгел во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел пристигна во ненајавена посета на Авганистан. На репортерите во Кабул тој им изјави дека земјата поминала долг пат во последната декада и оти има доверба во авганистанските безбедносни сили дека може да се борат со Талибанците по повлекувањето на НАТО годинава. Хејгел, кој си заминува од функцијата, се очекува да се сретне со високи владини авганистански претставници. Претседателот Барак Обама вчера го именува Ештон Картер, технократ со долго работно искуство во Пентагон, за наследник на Хејгел. Неговата посета следува откако тројца полицајци беа убиени во напад на Талибанците во северниот дел од земјата.

XS
SM
MD
LG