Достапни линкови

logo-print

Убиен лидер на Ал-Каеда во Пакистан


Пакистанската војска соопшти дека убиле висок лидер на Ал-Каеда во северезападниот дел на земјата. Во денешното соопштение војската наведува дека се работи за Аднан Ел Шукриџумах кој бил убиен утринава во нападот во провинцијата јужен Вазиристан. Се наведува и дека двајца други осомничени бунтовници се убиени во операцијата во која загинал и еден војник, а еден е повреден. Шукриџумах беше обвинет во САД за заговор за бомбашки напад на метрото во Њујорк.

XS
SM
MD
LG