Достапни линкови

Газпром ја потврди исплатата за гас од Украина


Руската компанија за гас Газпром потврди дека ги примиле однапред платените 378 милиони долари од украинската државна компанија Нафтогаз за испораките на гас во декември. Портпаролот на Газпром за руската новинска агенција Интерфакс денеска рече дека трансферот бил извршен во 2 часот по локално време. Овој потег ја отвора можноста за реализирање на првата испорака на гас откако Москва ја прекина соработката во јуни годинава поради несогласувања за цената.Русија бараше Украина однапред да и исплаќа пари за гасот.

XS
SM
MD
LG