Достапни линкови

Гласна младина е симбол за здрава младина


Марија Павлеска, студент и активист.

Марија Павлеска, студент и активист.

На 10-ти декември во 12 часот започнува вториот марш на Студентскиот пленум од платото на УКИМ. И ако на 17-ти бевме три илјади и изненадивме многумина со бројката, идната среда да излеземе во поголем и да бидеме уште погласни., пишува Марија Павлеска, студент и активист, во младинската он лајн колумна на Радио Слободна Европа.

2014-та година требаше да биде запаметена по легендарниот проект Скопје 2014-та. Јас би рекла дека младите во Македонија, со акцент на студентите направија Македонија, оваа 2014-та година да биде запаметена по будењето на студентскиот актизивам.

Македонија докажа дека има студенти кои нема да подлегнат на притисок, заплашувања и етикетирања. Македонија има студенти во вистинска смисла на зборот кои знаат да ги одбранат своите права и воедно тоа да го направат на еден достоинствен начин како вистински академски граѓани.

Започнувајќи од активностите на Операција Студентски Дом во месец март, преку основањето на студентскиот пленум и легендарниот марш на 17-ти ноември, Македонија докажа дека има студенти кои нема да подлегнат на притисок, заплашувања и етикетирања. Македонија има студенти во вистинска смисла на зборот кои знаат да ги одбранат своите права и воедно тоа да го направат на еден достоинствен начин како вистински академски граѓани.

Јас сум студентка во трета година на Економскиот факулетет при УКИМ и за прв пат во овие изминати три години како студент сум горда на своите колеги. Горда до степен што почнав да уживам да одам на предавања само за да можам миг повеќе да поминам во дружба со колегите, кои после 17-ти минатиот месец веќе не се плашат да го искажат својот став, ниту пак критички да размислуваат не само за оние нешта кои директно не засегаат, туку и за се останато што се случува во општеството.

Тоа е последица на онаа прекрасна позитивна енергија која ги зарази сите учесници на првиот марш. Енергија која те исполнува и те исправува, која те прави посигурен, погласен, посамоуверен. Зошто кога си ги знаеш правата, имаш став за нештата и поддршка од твојата околина, твоите колеги, твоите пријатели, твоите роднини, се создаваат едни нови полиња. И оние нешта што до вчера изгледале како планини кои требало да се преминат, од 17-ти изгледаат како малечки ридчиња. Зошто веќе не си сам. Зошто сме заедно и сме гласни и знаеме што сакаме, а што не сакаме и имаме доволно аргументи за да докажеме дека сме во право.

Кога претходно сте виделе олку млади луѓе, изминативе десетина години да гостуваат во емисии, да даваат изјави, да имаат јасни ставови и знаење кое го докажува со секоја изговорена реченица и со секој еден направен гест?

На студентскиот пленум и сите негови членови треба да е горд секој еден граѓанин на оваа земја и секој треба да ја искаже својата поддршка. Затоа што помина долго време откако студентите беа поим за надеж и непокор. Доста беше пасивност и апатија.

На студентскиот пленум и сите негови членови треба да е горд секој еден граѓанин на оваа земја и секој треба да ја искаже својата поддршка. Затоа што помина долго време откако студентите беа поим за надеж и непокор. Доста беше пасивност и апатија.

Не може како млади да бидеме колатерална штета на едно општество. Ние како младите сме ресурс. Алатка која му треба на едно општество за да опстои. И кога некој се осмелува една ваква будна маса да ја нарече изманипулирана, прави огромна грешка.

Екстерното се преименува во државен испит, можеби до Нова година да промени и уште некое име. Нека. Но еднаш пробудената свест кај еден млад човек, останува долго.

Никој од онаа маса која гордо и смело чекореше на 17-ти и ќе чекори на 10-ти декември не се плаши од некаков си тест кој ќе биде составен од базен на прашања. Искрено како што следуваат изјавите од институциите се поапсурден е целиот концепт и оправдувањата кои ги доставуваат. Не може да се прави компромис со некој кој не сака да седне на заедничка маса со студентите. Млади сме за да бидеме слушнати, затоа што имаме предлози, затоа што размислуваме, затоа што зборуваме, затоа што имаме прашања и нема да замолчиме додека не добиеме одговори на истите.

„Одговорноста на една земја не е во рацете на малкумина привилегирани. Ние сме силни, и ние сме слободни од тиранијата додека секој од нас се сеќава на неговата должност како граѓанин. Без разлика дали тоа е да пријавите дупка на вашата улица или лежи во рамките на институциите на државата, проговори! Постави ги прашањата. Побарај ги тие одговори. Демократијата не е бесплатно возење, човеку. Јас сум тука да ти кажам. Но, ова е местото каде што живееме. И ако тоа ја завршме добро нашата работа, ова е местото каде што ќе живеат нашите деца.“ – Josep C. Wilson.

На 10-ти декември во 12 часот започнува вториот марш на Студентскиот пленум од платото на УКИМ. И ако на 17-ти бевме три илјади и изненадивме многумина со бројката, идната среда да излеземе во поголем и да бидеме уште погласни.

XS
SM
MD
LG