Достапни линкови

Баросо: Членството во ЕУ не е далечна иднина за Западен Балкан


Поранешниот претседател на ЕК, Жозе Мануел Баросо.

Поранешниот претседател на ЕК, Жозе Мануел Баросо, изрази увереност дека процесот за проширување на ЕУ ќе продолжи и земјите од Западен Балкан ќе станат негови членки многу брзо.

„Горд сум од фактот што како претседател на ЕК му предложив на Советот на ЕУ да започне преговори со Србија и Црна Гора“, истакна денеска Баросо на меѓународната конференција „ЕУ и Западен Балкан 2015-2020“ во Белград, организирана од Институтот за државна политика.

Тој нагласи дека проширувањето на Унијата досега претставувало голем успех и им овозможило просперитет и стабилност на земјите-членки.

„Ако ЕУ не се проширеше кон балтичките земји, Бугарија и Романија, тогаш денес немаше да имаме само една криза како оваа во Украина, туку многу кризи на стариот континент“, додаде Баросо.

XS
SM
MD
LG