Достапни линкови

Два месеци притвор за позната азербејџанска новинарка


Познатата азербејџанска истражувачка новинарка Хадија Исмаилова.

Познатата азербејџанска истражувачка новинарка Хадија Исмаилова.

На познатата азербејџанска истражувачка новинарка од Радио Слободна Европа, Хадија Исмаилова, ѝ е одреден притвор од два месеци. Судот во Баку денеска ја донесе оваа одлука во процесот во кој еден маж ја обвини Исмаилова дека му вршела притисок да изврши самоубиство. Во друг случај, таа е обвинета за објавување документ на социјалните мрежи кој покажува дека азербејџанските тајни служби искористиле нелегално и тајно снимена видео снимка од секс за да уценуваат опозициски активист да ги кодоши другите опозиционери.

Шефот на кабинетот на претседателот на Азербејџан, Рамиз Мехдијев, јавно ја обвини Исмаилова за предавство и вработените во Радио Слободна Европа ги нарече шпиони.

Исмаилова темелно известува за бизнис интересите на семејството на претседателот Илхам Алиев.

ОБСЕ оцени дека „апсењето на Исмаилова не е ништо друго, освен оркестрирано заплашување, кое е дел од кампањата за замолчување на слободните и критички гласови“.

XS
SM
MD
LG