Достапни линкови

logo-print

Ештон Картер предложен за американски секретар за одбрана


Ештон Картер.

Ештон Картер.

Американскиот претседател Барак Обама го предложи Ештон Картер за нов секретар за одбрана. Неговата номинација беше очекувана откако досегашниот секретар за одбрана Чак Хејгел си поднесе оставка. Картер од 2009 до 2011 година работеше како шеф на набавки во Пентагон и помогна да се забрза производството и испораката на оружје и оклопни возила за американските војници во Авганистан. Тој нема воено искуство во униформираните сили. Новиот секретар за одбрана, четврти за време на владеењето на Обама, ќе се соочи со бројни предизвици, како што е руската агресија на Украина, борбата против Исламската држава во Ирак и во Сирија, иранската нуклеарна програма и со сè помоќната Кина.

XS
SM
MD
LG