Достапни линкови

Десетици уапсени за договарање брак меѓу деца во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Десетици луѓе беа уапсени за договарање брак меѓу 8-годишно девојче и 11-годишно момче заради решавање на спорот меѓу нивните семејства во областа Сват во северозападен Пакистан, информира полицијата. Присилувањето на жени и девојчиња на брак заради решавање на семејни расправии порано беше честа појава во северозападен Пакистан, но сега не нелегално. Полицијата соопшти дека ги уапсила локалните старешини кои заедно со неколкумина членови на двете семејства ја донеле одлуката за брак.

XS
SM
MD
LG