Достапни линкови

logo-print

Поранешни советски земји разговараат на англискиот место на рускиот


Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Групата поранешни советски земји ГУАМ, чии односи со Москва се затегнати, почнаа да го користат англискиот наместо рускиот јазик за меѓусебна комуникација на денешниот состанок во швајцарскиот град Базел. Во ГУАМ, Организацијата за демократија и економски развој, членуваат Грузија, Украина, Азербејџан и Молдавија. Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изјави дека тој предложил во официјалната комуникација да се користи англиски, наместо руски јазик и оти другите учесници се согласиле. ГУАМ беше формирана во 2001 година од овие четири земји и Узбекистан, кој подоцна се повлече. Во Русија на организацијата понекогаш се гледа како на алатка за спречување на влијанието на Москва. Руската анексија на Крим од Украина во март годинава и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина ја зголемија загриженоста за намерите на Москва во регионот. Грузија, Украина и Молдавија потпишаа договори за засилување на соработката со ЕУ.

XS
SM
MD
LG