Достапни линкови

Украина однапред ќе плати за рускиот гас


Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин.

Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин.

Украинскиот министер за енергија Володимир Демчишин изјави дека до крајот на денот Киев однапред ќе плати 378 милиони долари за набавки на една милијарда кубни метри руски природен гас овој месец. Половина од гасот што се троши во Украина е од Русија. Москва ја покачи цената на гасот за Украина, по соборувањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович во февруари годинава. Русија во јуни ја прекина испораката на гас за Украина, но пред еден месец постигна договор со Киев за повторно да почне да испорачува гас, ако Киев однапред го плати и ако ги плати заостанатите долгови.

XS
SM
MD
LG