Достапни линкови

Русија загрижена за човековите права на црнците во САД


Протести во Њујорк поради тоа што големата порота одлучи да не му се суди на полицаецот што уби еден црнец во јули годинава.

Протести во Њујорк поради тоа што големата порота одлучи да не му се суди на полицаецот што уби еден црнец во јули годинава.

Русија смета дека полициските убиства на црните Американци и новите протести ги нагласуваат сериозните недостатоци во заштита на човековите права во САД. Претставникот за човекови права во руското Министерство за надворешни работи, Константин Долгов, денеска изрази загриженост по убиството на еден црнец во Аризона и дводневните протести во Њујорк до кои дојде откако големата порота одлучи да не му се суди на полицаецот што уби еден црнец во јули годинава.

„Протестите во Њујорк и трагедијата во Аризона се потврда на големите дефекти во системот за обезбедување човекови права во САД“, напиша Долгов на Твитер.

Според него, прекршувањето на правата на етничките заедници во САД станало „рутина“.

Русија се соочува со постојани критики од САД за човековите права и демократијата, за која противниците на претседателот Владимир Путин велат дека се намалува за време на неговото 15-годишно владеење. Путин често вели дека САД немаат право да им судат на другите, а Москва за време на неговиот сегашен мандат ги засили критиките кон САД поради човековите права.

XS
SM
MD
LG