Достапни линкови

logo-print

Повредени двајца рудари од Пробиштип


Двајца рудари биле повредени во експлозија што изутрината се случи во рудникот „Индоминерали и метали“ во село Добрево, Пробиштип. Од СВР Штип информираат дека во рудникот од засега непознати причини дошло до експлозија при што биле повредени четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Увид на местото на настанот вршат државен инспектор по рударство, трудов инспектор и јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG