Достапни линкови

САД: одобрен предлог законот за одбрана


Претставничкиот дом на американскиот конгрес кој е под контрола на опозициските републиканци го одобри предлог законот за одбрана од 585 милијарди долари. Со него, на претседателот Барак Обама му се дава овластување да ја прошири американската акција против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Законот треба да биде изгласан и во Сенатот во идната недела. Претставничкиот дом изгласа и резолуција со која се осудува политиката на агресија на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и во другите соседни земји. Во резолуцијата се повикува Русија да ги тргне своите сили од Украина, Грузија и Молдавија.

XS
SM
MD
LG