Достапни линкови

logo-print

Во Германија пресуда за учество во борбите во Сирија


Во Германија денеска треба да му биде изречена пресуда на Крешник Бериша кој е обвинет дека во минатата година во Сирија се борел на страната на милитантите на Исламската држава. Ова е прв таков случај во Германија каде што десетина лица под сомневање дека биле џихадисти чекаат да им биде судено. Обвинителството на регионалниот суд во Франкфурт бара казна од 4 години и три месеци затвор за 20 годишниот Бериша кој е роден во Германија од родители од Косово. Одбраната пак тврди дека неговиот клиент бил во Сирија за да спасува човечки животи.

XS
SM
MD
LG