Достапни линкови

СБ на ОН бара продолжување на дијалогот Приштина Белград


Амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа побараа што поскоро формирање на институциите на власт на Косово со цел да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина. На седницата на која се разгледуваше тримесечниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за состојбата на Косово, премиерот Хашим Тачи најави дека новата влада ќе биде формирана во текот на идната недела и оти наскоро ќе биде формиран Специјален суд за да ги истражи наводите за воени злосторства на припадници на некогашната ОНА. Премиерот на Србија Александар Вучиќ пак изјави дека цврстиот став на Белград за непризнавање на косовската независност не го спречува животот на Косово. Според него, соработката е единствен начин регионот да стане рамноправен дел на Европа.

XS
SM
MD
LG