Достапни линкови

logo-print

Сојузниците ја продолжуваат поддршката за Авганистан


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани и британскиот премиер Дејвид Камерон

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани и британскиот премиер Дејвид Камерон

Соединетите држави, Британија и другите сојузници ветија дека нема да ја заборават новата авганистанска влада откако ќе биде намалена меѓународната безбедносна мисија во таа земја. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани и британскиот премиер Дејвид Камерон во Лондон беа домаќини на состанокот на претставници на над 60 земји на кој се разговараше за безбедноста, корупцијата и политичките реформи во Авганистан. Тринаесет годишната меѓународна борбена мисија во Авганистан завршува кон крајот на месецов. Гани потпиша спогодби со Вашингтон и НАТО со кои се дозволува натамошно присуство на неборбени единици со околу 13 илјади војници.

XS
SM
MD
LG