Достапни линкови

Власта против гласот на граѓаните


Хајд Парк: Можат ли граѓаните да влијаат врз власта?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:07 0:00

Хајд Парк: Можат ли граѓаните да влијаат врз власта?

Граѓаните можат да променат нешто во општеството, ако се многу гласни, сметаат дел од анкетираните, други пак велат дека нив никој не ги слуша. Но, велат, власта сè слуша, а ако некој излезе на улица, таа го вклучува целиот апарат.

Партиска или граѓанска моќ, кој може да промени нешто во општеството? Младите оптимисти, а повозрасните луѓе песимисти. Само добра организација на граѓани може да донесе некаква промена во општеството, велат младите луѓе што ги анкетиравме за нашиот Хајд парк. Според нив се уште има надеж за граѓанското општество дека нивниот глас може да се слушне, но само ако е громогласен.

Зависи, ако се соберат поголем број на граѓани, може нешто да променат, а доколку излезе еден човек не може ништо да смени.
Анкетиран граѓанин.

„Зависи, ако се соберат поголем број на граѓани, може нешто да променат, а доколку излезе еден човек не може ништо да смени.“

Граѓанската иницијатива „АМАН“ организираше протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.
Граѓанската иницијатива „АМАН“ организираше протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата.

„Мислам дека би можеле нешто да сменат, само мислам дека им фали малку подобра организација, дали тоа ќе биде на ниво на општина или по школи, институции или некаде закажано нешто, ама мислам дека граѓаните можат да сменат многу работи.“

За разлика од нив, пак, повозрасните граѓани се разочарани. Тие велат дека сега живеат во депресија. Правејќи паралела со животот порано велат дека сега иако се пообразовувани нивната моќ како граѓанска движечка сила е многу помала.

За жал, порано може имало, меѓутоа сега мислам дека е тотална депресија, значи борба за преживување.
Анкетиран граѓанин.

„За жал, порано може имало, меѓутоа сега мислам дека е тотална депресија, значи борба за преживување. Нашите родители поминале војна, но потоа оделе се кон подобро и подобро, а ние се полошо живееме од нив, стагнираме и некако генерално како да нема движечка сила.“

Протест против полициска бруталност.
Протест против полициска бруталност.

Луѓето сметаат дека само политичарите ги носат промените, а тие се само гласачка машина.

„Не ми се верува, затоа што тука промени може да направи само власта, инаку граѓаните кој ги слуша, тие се само машина за гласање.“

Александар Цветкоски од невладината организација „АГТИС“вели дека граѓанското општество им одредена моќ да влијае врз носењето на одлуките.

„Но кај нас е услов тоа да не и смета многу на власта. Реално гледаме дека власта има широко отворени уши и сите работи не само што ги перципира, туку ги сфаќа многу сериозно. Се она што е во врска со некое носење на луѓе на улица и реагира, по мене, предимензионирано, значи ја вклучува цела машинерија, цел апарат и ако сето тоа го имаме на ум, моќта на граѓанското општество не е нешто голема.“

Тој вели дека притисоците врз родителите на децата ќе го направат своето. Цветкоски додава дека моќта на граѓанското општество одамна е намалена, но за да стане некаков фактор во земјава потребно е да се работи многу.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG