Достапни линкови

Колку ЕЛЕМ се грижи за воздухот во Битола?


РЕК Битола.

РЕК Битола.

„Електрани на Македонија“ наместо да вложува средства во подобрување на еколошките стандарди на РЕК, ќе троши милионски суми за новата барокна зграда на ЕЛЕМ, велат од СДСМ - Битола.

Еколошките теми повторно ја брануваат Битола. Социјал-демократскиот сојуз обвини дека во услови кога Битола повторно руши рекорди по нивото на загаденост на воздухот, „Електрани на Македонија“ наместо да вложува средства во подобрување на еколошките стандарди на РЕК, ќе троши милионски суми за новата барокна зграда на ЕЛЕМ.

Замислете 15 милиони евра наместо за луксузирање и нова зграда на ЕЛЕМ да се искористеа за значително подобрување на еколошките стандарди во РЕК.

Локалниот лидер Васко Ковачевски презентираше документи, според кои раководството на ЕЛЕМ склучило договор за дополнителни три милиони евра за градба на новата зграда, поточно договорот со фирмата што ја прави од 11,6 милиони евра се зголемува на 15 милиони евра.

„Замислете 15 милиони евра наместо за луксузирање и нова зграда на ЕЛЕМ да се искористеа за значително подобрување на еколошките стандарди во РЕК. Дали ќе беше вакво загадувањето во Битола? Дали ќе ни се полнеа болниците и ќе ни се разболуваа деца? Дали ќе умираа млади луѓе од рак каква што тенденција има во последните години? И дали овие потези што ги прави актуелната власт не се класично поигрување со здравјето на граѓаните“, запраша Ковачевски.

Ќе дојдат независни експерти од еколошки здруженија кои направиле двегодишна анализа за влијанието на термоелектраната РЕК врз загадената животна средина.

Од ЕЛЕМ одговорија декла во последните четири години во РЕК инвестирале околу 100 милиони евра за прокети насочени кон подобрување на еколошките параметри. Завршена е модернизацијата на агрегатите и котлитена два блока со што се намалува нивото на штетни гасови. Со овој проект мерењата на квалитетот на воздухот на три пункта во околината на комбинатот се во рамки на дозволените граници. Во иднина ќе се инсталира и постројка за десулфуризација , како многу важен сегмент во намалувањето на емисиите на сулфурен диоксид, велат од ЕЛЕМ.

Еколошкото здружение „За нас се работи“ пак, повика експерти кои идната недела ќе обелоденат податоци за тоа дали РЕК влијае врз загадувањето на животната средина.

„Ќе дојдат независни експерти од еколошки здруженија кои направиле двегодишна анализа за влијанието на термоелектраната РЕК врз загадената животна средина, колку таа и како влијае врз буџетот на државата за да се види дека државата, односно надлежните, можеле многу добро да се справат со проблемот наречен загадување од РЕК“, изјави Дуле Груевски од здружението „За нас се работи“.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG