Достапни линкови

Бомбашки напади во Багдад, 18 загинати


Илустрација.

Илустрација.

Во два одделни бомбашки напади во шиитската област Садр Сити во Багдад денеска загинаа 18 луѓе, информираат ирачките власти. Прво, во експлозија на автомобил-бомба во близина на неколку ресторани загинаа 11, а ранети беа 25 луѓе. Кратко подоцна, во близина на пазар во истиот дел на градот експлодираше друг автомобил, при што беа убиени 7 луѓе, а 21 беа ранети. Ирак се соочува со речиси секојдневни бомбашки напади, најчесто насочени кон шиитите. Со нападите често се поврзува сунитската организација Исламска држава, која ја презеде контролата врз големи делови на Ирак и на Сирија.

XS
SM
MD
LG