Достапни линкови

logo-print

Порошенко прогласи едностран прекин на огнот во источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека украинската војска ќе го прекине огнот кон проруските сепаратисти на истокот на земјата на 9 декември под условите од мировниот договор потпишан во септември во Минск. Во соопштението од кабинетот на Порошенко се наведува дека одлуката за едностран прекин на огнот е донесена на состанокот со министрите за одбрана и за внатрешни работи, Степан Полторак и Арсен Аваков, како и со други безбедносни претставници. Не се соопштува какви мерки ќе бидат преземени ако проруските бунтовници не се придржуваат кон договорот од Минск. Неименуван извор од кабинетот на претседателот за новинската агенција АФП изјавил дека одлуката значи дека Украина на 10 декември ќе почне да го повлекува тешкото наоружување од источниот фронт, ако сепаратистите го почитуваат примирјето.

XS
SM
MD
LG