Достапни линкови

Ерменија дефинитивно влегува во Евроазиската економска унија


Ерменскиот парламент со големо мнозинство го ратификуваше договорот за влез на земјата во Евроазиската економска унија, предводена од Русија. Договорот стапува на сила на 1 јануари. За спогодбата гласаа 103 пратеници, седум беа против, а еден беше воздржан. Парламентот ја почна дебатата за спогодбата на 1 декември. Десетици опозициски активисти и денеска, четврти ден по ред, протестираа пред парламентот во Ереван, барајќи од пратениците да не гласаат за договорот. Тие сметаат дека со договорот, Ерменија ја губи независноста. Претседателот Серж Саркисјан го потпиша договорот за влез на земјата во Унијата, во која се и Русија, Белорусија и Казахстан, во октомври годинава.

XS
SM
MD
LG