Достапни линкови

СДСМ: Собранието да ги констатира оставките


СДСМ денеска го повика претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ги констатира оставките на пратениците од опозицијата. Рената Дескоска од оваа партија изјави дека Вељаноски со оценувањето дали пратениците од опозицијата биле оправдани или неоправдано отсутни се обидува да затскрие дека „го кршел Уставот со тоа што повеќе од шест месеци не овозможил престанок на мандатите“.Според неа, со неконстатирањето на оставките досега прекршен е Уставот и нанесена е штета на Буџетот на Република Македонија и на пратениците од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, ги повика пратениците од опозицијата да ги вратат сите пари кои досега ги имаат добиено на име надоместок за пратеничка плата.

XS
SM
MD
LG