Достапни линкови

Русија и Белорусија разговараат за забраната за увоз на храна


Руски и белоруски претставници денеска во Москва разговараат за забраната на Русија за увоз на одредени видови храна од Белорусија. Минск претходно ја обвини Москва дека „ги прекршува сите договори“ на Царинската унија со тоа што забранува увоз на храна од Белорусија и го ограничува транспортот на храна преку Русија до Казахстан. Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера рече дека забраната е спротивна на договорот меѓу Минск и Москва дека Белорусија не треба да трпи штета од санкциите на Русија против ЕУ и САД. Санкциите забрануваат директен увоз на храна од ЕУ во Русија, но дозволуваат увоз на храна од европски репроматеријали која е значително преработена во останатите членки на Евроазиската економска унија, Белорусија и Казахстан. Руските власти минатиот месец забранија увоз на млеко и месо од 23 белоруски производители, тврдејќи дека нашле траги на штетни материи.

XS
SM
MD
LG