Достапни линкови

logo-print

Жестоки судири во Грозни


Најмалку 10 полицајци и деветмина милитанти се убиени во неколкучасовните борби во главниот град на Чеченија, Грозни, информираат руските власти. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров денеска изјави дека „противтерористичката операција“ против вооружените лица кои нападнале пункт на сообраќајната полиција и зазедоа зграда во центарот на Грозни е готова. За време на престрелките се ранети 28 полицајци, издавачката куќа во која се засолниле милитантите била запалена, а се слушале и експлозии. Ова се најголемите насилства во оваа руска република по двете војни кои се водеа меѓу руските власти и исламистичките бунтовници по распадот на СССР.

XS
SM
MD
LG