Достапни линкови

Дневен печат - Студентски протести и „фабрика за пасоши“


Аферата „Фабрика за пасоши“, продолжува да ја бранува јавноста. Во фокусот на деновниот печат се и најавените нови протести на студентите.

Нови 250 административци на товар на државниот буџет, гласи насловот на информацијата во Утрински во која се додава дека само генералниот секретаријата на Владата распишал конкурс за прием на нови 194 вработени, а десетици нови вработувања ќе имало во министерствата за финансии и за образование и наука.

Нови 250 административци на товар на државниот буџет.
Утрински весник.

„Студентите кои ќе протестираат се партиски мотивирани“ - гласи ставот на Груевски, објавен под овој наслов исто така во Утрински, за кој информираат и сите други печатени медиуми.

Предложено одземање на мандатите на 31 пратеник на опозицијата.
Нова Македонија.

Премиерот исто така пресуди и во врска со фалсификувањето македонски пасоши документирано со фотографии во неделникот Фокус. „СДСМ веќе не може да ја манипулира јавноста“, обвинувајќи ја партијата дека е фокусирана само на манипулации, афери и монтажи, и алудирајќи дека СДСМ е иницијаторот за написот во неделникот. „Никој нема доказ дека постојат фалсификувани пасоши, а се бара одговорност од државата“, гласи насловот во Вечер. Вечер, во друг број, ја става под сомнеж фотографијата на која јасно се гледаат корици на македонски пасоши во машина за печатење: „Снимката со пасошите не е направена во Македонија?!“ Дневник, пак, во наслов ја цитира првата полицајка, Јанкуловска: „Ако има, опозицијата да достави докази за наводите за пасошите“.

Инаку, „Поради Денот на дрвото се одложени 127 судења“, објавува Утрински.

Слободен печат ги објавува пресметките на СДСМ: „За 4 години, Денот на дрвото изгоре 4 милиони евра, а шумскиот фонд се преполови“.

Нова Македонија, покрај другите медиуми, информира за тоа дека е: „Предложено одземање на мандатите на 31 пратеник на опозицијата“. Оваа информација, Вечер ја објавува под наслов: „Бараа - добија: СДСМ останува без мандати“.

„Лондон ја расчистува политичката магла во Македонија - Мистериозна средба во Леуново - Велика Британија ги извади од политичките ровови ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“. Информацијата е објавена во Утрински, со дообјаснување дека тоа всушност било советување за идните насоки во процесот на образование во земјава.

Сите весници ја објавија веста дека „Јужен поток е мртов“, како што наслови Утрински и дека „Малите држави пак ќе ја платат цената на големите“, како што наслови Нова Македонија. Ама ние гајле си немаме, гласи некако вака мислењето на експертите што го објави Нова Македонија, затоа што постојниот гасовод во земјава имал доволен капацитет да ги задоволи нашите потреби.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG