Достапни линкови

Путин вети амнестија за капиталот што ќе се врати од странство


Рускиот претседател Владимир Путин предложи целосна амнестија на капиталот што од странство ќе се врати во Русија. Во годишното обраќање до нацијата, Путин рече дека западните санкции поради улогата на Москва во кризата во Украина ја стимулираат руската економија, но оти се болни за сите вклучени. По потврдата дека санкциите и ниските цени на нафтата ѝ нанесуваат штета на руската економија, Путин рече дека нема да се бара потекло за парите што ќе се вратат од странство во Русија и предложи мораториум за зголемување на даноците во наредните четири години. Тој побара од Централната банка и од владата да го решат проблемот со, како што рече, шпекулантите на девизниот пазар кои ги обвини за големиот пад на руската рубља. Путин рече дека Русија за три или четири години мора да се врати во ситуација да има повисок економски раст од светскиот просек.

XS
SM
MD
LG