Достапни линкови

logo-print

Доставен нацрт-извештајот за загинувањето на претседателот Трајковски


Шефот на меѓународниот тим што изврши повторна истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски, Омер Кулиќ, денеска му го предаде нацрт-извештајот на претседателот на Комисијата за воздухопловни несреќи и сериозни инциденти и овластен претставник на Република Македонија, Сотир Костов.

Македонската комисија во наредните две недели ќе го разгледа извештајот и ќе ги достави евентуалните забелешки и сугестии, по што до крајот на годинава конечната верзија на документот треба да им биде предадена на властите во Босна и Херцеговина и во Македонија.

„Не ме прашувајте што пишува во извештајот, не можам да кажам“, рече Кулиќ, изразувајќи надеж дека за дваесеттина дена ќе биде објавен завршниот документ со деталите.

Нагласи дека е направена целосна реконструкција на летот, а ќе има и аудио снимки за тоа што се случило.

XS
SM
MD
LG