Достапни линкови

logo-print

Хан се интересирал за долгот и за буџетскиот дефицит


Во блиска иднина треба да се поработи на макроекономската слика во Македонија, изјави еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан по денешната средба со вицепремерот за европски прашања Фатмир Бесими во Брисел.

„Дискутиравме и за макроекономската состојба, нешто на што треба да работиме во блиска иднина кога станува збор за долгот или буџетскиот дефицит“, рече Хан.

Тој ги повика сите политички партии да ја водат дебатата во парламентот, а не надвор и рече дека би сакал опозицијата да се врати во Собранието. Хан рече дека ќе направи што може да се реши овој проблем и најави дека наредниот месец ќе дојде во Македонија да разговара со лидерите на политичките партии.

Вицепремиерот Бесими рече дека ЕУ останува определена активно да работи на проширување на Западен Балкан.

„Она што исто така е важно е и понатаму да се работи на изнаоѓање брзо решение на отворените прашања што Република Македонија ги има со соседите, меѓуетничките односи и тоа што беше важно е економскиот фокус на разговорите во однос на поддршка на економскиот развој и регионалната соработка“, рече Бесими.

XS
SM
MD
LG