Достапни линкови

Путин: време е да и се помогне на Украина


Рускиот претседател Владимир Путин во денешното редовно годишно обраќање во парламентот изјави дека Русија во изминатава година се соочи со како што рече, „тестови кои само една зрела, обединета нација може да ги издржи. Тој оцени дека Крим има свето значење за Русија и украинскиот полуостров го спореди со Ерусалим. Путин додаде дека Русија ќе ја почитува Украина како братска земја, но оти трагедијата во источна Украина покажала дека руската политика била исправна. Тој изјави дека е време да и се помогне на Украина и оти Русија нема намера да почне нова трка во вооружување во светот.

XS
SM
MD
LG