Достапни линкови

logo-print

Најмалку 9 загинати во престрелка во Грозни


Властите во руската севернокавкаска република Чеченија соопштија дека најмалку девет луѓе биле убиени во неколкучасовната престрелка меѓу милитанти и безбедносните сили во главниот град Грозни. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров соопшти дека зградата во која биле опколени неколкумина вооружени лица била уништена од пожар и оти сите милитанти загинале. Се наведува дека имало шестмина милитанти. Тие пристигнале со три возила кои претходно ги украле во едно село на 50 километри од Грозни. Милитантите во Грозни убиле неколкумина полицајци кои се обиделе да ги запрат, а потоа окупирале една печатница во центарот на градот.

XS
SM
MD
LG