Достапни линкови

logo-print

2014, најтоплата година досега


Податоците за температурата покажуваат дека 2014 ќе биде рекордно топла година, соопшти Светската метеоролошка организација, наведувајќи дека тоа е доказ оти не се точни тврдењата дека запрело глобалното затоплување.

Првичните информации за 2014 покажуваат дека 14 од 15 рекордно најтопли години се случиле во 21 век. Нема застој во глобалното затоплување, наведува генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Мишел Жаро.

Околу 93 насто од вишокот на енергија од фосилните горива и другите човечки активности заробени во атмосферата, завршуваат во морињата кои се клучни за климатскиот систем.

Во извештајот во кој се додава дека глобалната просечна температура од јануари до октомври годинава била за 0,57 Целзиусови степени над просекот, исто како и во досега рекордната 2010 година.

Според извештајот, некои делови на Соединетите Држави и Европа биле постудени од просекот, но целата преостаната Планета имала натпросечни температури.

„Околу 93 насто од вишокот на енергија од фосилните горива и другите човечки активности заробени во атмосферата, завршуваат во морињата кои се клучни за климатскиот систем“, се оценува во извештајот.

Ние знаеме што секоја земја може да направи на краток рок во врска со намалувањето на штетните гасови.

Иако научниците уверуваат дека порастот на температурата од средината на 20 век е главно последица на активностите на човекот, тие се уште не можат со сигурност да објаснат како таа појава влијае врз зачестеноста на бурите и ураганите.

До средината на ноември биле забележани 72 тропски бури што е многу помалку од просечните 90 годишно. Површината на арктичкиот мраз се намали на рекордно ниво, но затоа мразот на Антарктикот расте веќе трета година по ред.

Во Лима, претставници од 190 земји до 12 овој месец ќе се обидат да постават основа за нова спогодба за испуштање штетни гасови во атмосферата што би требало да биде усвоена во идната година во Париз.

Договорот што во ноември го постигнаа Соединетите Држави и Кина влеа нова надеж дека поделбите околу ова прашање наскоро ќе бидат надминати.

Сепак, шефицата на Секретаријатот на Обединетите нации за климатски промени Кристина Фигуерес оцени дека би било многу нереално да се очекува брзо решение за климатските промени.

„Ние знаеме што секоја земја може да направи на краток рок во врска со намалувањето на штетните гасови“, изјави таа додавајќи:

„Не станува збор дека имаме некакво волшебно стапче со кое ќе удриме и ќе кажеме дека веќе нема климатски промени“, рече таа.

Фигуерес предвидува поумерен договор, со цел, како што изјави, до крајот на овој век испуштањето штетни гасови во атмосферата да биде сведено на нула, односно, како што велат научниците, да се постигне климатска неутралност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG