Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН денеска за Косово


Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе ја разгледа ситуацијата на Косово врз основа на редовниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун. „Посебно сум загрижен од долготрајниот политички застој во Приштина и негативните последици што би можело да ги има на досегашниот напредок на демократските институции“, наведува Бан Ки Мун во извештајот за периодот од јули до октомври годинава. На седницата е најавено и учеството на српскиот премиер Александар Вучиќ, а во Њујорк отпатува и косовскиот премиер во заминување Хашим Тачи.

XS
SM
MD
LG