Достапни линкови

Средба на Џон Кери со Сергеј Иванов


Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната средба во Базел ќе разговараат за кризата во Украина. Тие ќе се сретнат на маргините на состанокот на ОБСЕ што се одржува во овој швајцарски град. Мисија на ОБСЕ го надгледува примирјето во Украина што на 5 септември годинава го постигнаа украинските власти и проруските сепаратисти. Примирјето постојано е нарушувано особено околу меѓународниот аеродром во градот Доњецк кој е под контрола на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG