Достапни линкови

logo-print

Нема буџетска транспарентност во општините


Општините објавуваат само она што мораат да објават во врска со трошењето на народните пари.

Буџетската транспарентност во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане, како и останатите во државава, генерално заостанува зад европските, но и зад регионалните трендови, укажува Слаѓан Пенев од Центарот за економски анализи и ФОРУМ - Центарот за стратегиски истражувања и документација, во соработка со невладината организација ДРОМ, со поддршка од Делегацијата на Европската унија во Македонија, на презентацијата во Куманово.

Секоја општина за себе да си каже колку пари потрошила за плати, стоки и услуги, за привремени вработувања, а колку пари собрала од даноци на имот, од продажба на земјиште.

Според извршеното согледување на кварталниот извештај, Пенев појаснува дека општините незначително ги користат инструментите и механизмите што им се на располагање преку веб страните за објавување на буџетските документи.

Слаѓан Пенев.

Слаѓан Пенев.

„Ние би биле среќни кога секоја општина би правела граѓански буџет. Тоа значи тие 50-60 страни што се малку неразбирливи за секој граѓанин, со разни табели колони и многу бројки да се упрости и да се каже во две-три странички со можеби илустрација, колку секоја општина, за себе да си каже колку пари потрошила за плати, стоки и услуги, за привремени вработувања, а колку пари собрала од даноци на имот, од продажба на земјиште“, вели Пенев и додава дека веб страната може да се искористи не само за буџетот, туку и за квартални извештаи, а годишната сметка што е многу побитна, бидејќи покажува колку од планот е реализирано, многу ретко се објавува кај нас.

Транспарентноста, каде што треба да бидат вклучени и граѓаните и невладините организации и другите актери, каде што буџетот треба да биде транспарентен, тоа го нема.

Инаку, само буџетот се објавува во Службен гласник

На прашањето дали транспарентноста изостанува поради прикривање на реалната состојба во буџетите, Пенев смета дека е возможно.

„Ние следиме, онаму каде има помала транспарентност се случуваат малку или повеќе некои коруптивни или некои незаконски постапки. Постои корелација. Онаму каде што се крие, каде што нема активна, туку само пасивна транспарентност, што значи го објавуваат само она што мора да го објавуваат, а кога би го објавувале и она што треба да го објавуваат за граѓаните, ќе видиме дека се отворени не само за буџетските, туку и за јавните набавки. Но,тоа е“, вели Пенев.

И Ахмет Јашаровски од невладината организација ДРОМ од Куманово од нивните согледувања исто така забележува на недоволната транспарентност во работата на општините.

„Транспарентноста, каде што треба да бидат вклучени и граѓаните и невладините организации и другите актери, каде што буџетот треба да биде транспарентен, тоа го нема“, вели тој.

Буџетските расправи во локалните самоуправи се за годината што изминува, додава Јашаровски.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG