Достапни линкови

Развој на рурален туризам во охридско


Убавата природа, домашната храна, традиционалното земјоделство и сточарство е дел од она што, освен езерото, охридскиот регион може да им го понуди на странските туристи.

Цели семејства во Охрид сè повеќе се одлучуваат да живеат од т.н рурален туризам. Велат странците ги интересира животот на село, производството на земјоделски производи на традиционален начин како и одгледувањето на домашни животни, нешто што го нема во големите урбани средини од каде тие доаѓаат. Охридското село Орман, кое, иако е на само 3-4 километри од градот, е идеална средина за тоа. Ванчо Стојановски се сеќава на една неодамнешна средба со група студенти и професори од Холандија.

Беа изненади од вкусот на нашето сирење од Орман, ракијата и медот и наместо еден ден, останаа три дена. Беа изненадени и од чистите проточни води.

„Во една прилика имавме посета на група студенти и професори од Факултетот за заштита на животната средина од Амстердам. Беа толку пријатно изненадени од вкусот на нашите производи, посебно на патлиџанот. Во Холандија многу се произведуваат патлиџани во оранжерии и скоро цел свет го снабдува со семенски материјал за патлиџан. Беа изненади од вкусот на нашето сирење од Орман, ракијата и медот и наместо еден ден, останаа три дена. Беа изненадени и од чистите проточни води“, рече Стојаноски.

Тој вели дека годинава имало најмногу гости кои биле заинтересирани за овој вид на туризам. Годинава во посета на селото дошле и гости од Норвешка кои биле изненадени што на толку мал простор можеле да се видат и пробаат толку многу работи.

Има многу странци, бидејќи туристите не идат да видат само асфалт и згради, туку и вака прекрасни места. Најмногу гости оваа година имаше од Полска и Холандија.

„Гостите од Норвешка ни рекоа ние досега не знаевме каде е Македонија, а отсега па натаму сите наши пријатели ќе знаат каде е Охрид. Ќе се прошетаат гостите низ нашите ниви, можат да си наберат што сакаат и слободно да си го зготват тоа. Импресионирани се од нашата гостопримливост и за нив сето ова е доживување. Се шетаат низ селото, ќе си влезат во дворовите, ги сликаат старите куќарки. Минатата година што имаше гости од Полска и Унгарија, годинава ни донесоа десет други фамилии од Полска и сигурно еден на друг ја пренесуваат добрата информација“, рече Стојаноски.

Во дворот на Боге Ристески има и рибник со разни видови на пастрмки, но тоа не е она што ги фасцинирало странците.

„Изненадени се од природата и од храната, овошјето и зеленчукот. Изненадени се и од квалитетот, бидејќи ова подрачје дава прекрасен квалитет. Климата е таква што и производите ги прави поквалитетни и поинакви. Има многу странци, бидејќи туристите не идат да видат само асфалт и згради, туку и вака прекрасни места. Најмногу гости оваа година имаше од Полска и Холандија“, рече Ристески.

Мора да се здружат луѓето и да се настапи поорганизирано на туристичкиот пазар, ако е потребно да се промовираме и преку интернет, вели овој човек. И во другите рурални средини во охридско жителите се одлучуваат да го развиваат овој вид на туризам.

XS
SM
MD
LG