Достапни линкови

logo-print

Кери - Не ги координираме нападите врз Исламската држава со Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека Вашингтон и Техеран не ги координираат нивните напади врз милитантите од Исламската држава во Ирак, но оти каква било иранска акција против Исламската држава би била „позитивна“. Кери ова го изјави денеска во Брисел, откако Пентагон соопшти дека има индиции дека Иран извршува воздушни напади врз позиции на исламската држава во Ирак. Кери одби да потврди дали Иран навистина врши напади во Ирак, велејќи дека Ирачаните се одговорни за сите операции и на земја и во воздух и оти тие треба да изберат. Тој рече дека во овој момент не се планира координирање на воените активности со Иран.

Висок ирански функционер, пак, негираше дека неговата земја спроведува воздушни напади против ИД во Ирак.

САД и Иран немаат дипломатски односи од Исламската револуција во 1979 година, кога ирански активисти ја зазедоа американската амбасада во Техеран и држеа во заложништво десетици Американци.

XS
SM
MD
LG