Достапни линкови

„Анимакс“ со порака „Ако сите светат, ти блескај!“


Со прикажувањето на филмот „Чекајќи го мај“ на Симоне Маси, бардот на италијанската анимација, овој четврток, на 4 декември, во 20 часот, во Кинотека на Македонија, ќе започне четвртото издание на Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“. На манифестацијата, која овојпат се одвива под мотото „Ако сите светат, ти блескај!“, во трите фестивалски дена, ќе бидат прикажани 52 дела меѓу кои осум анимации за деца и само едно македонско остварување - „Конзо“ на Иван Ивановски.

Француско – корејската копродукција „Човек на столчето“ на авторката Дахи Јеонг, годинешниот победник на Интернационалниот фестивал за анимиран филм „Annecy“ , одличниот „Кики од Монтпарнас“ на Амели Аро, потем „Убавина “ на Италијанецот Рини Стефано Таљафјеро, „Ми треба мајка ми“ на Стивен бејкер од САД, австралискиот „Поп психлогија“ на Пол Флечер, „Приказната за Красногруда“ на Јоана Полак и Сдариа Копиец од Полска ...се само некои од 52-те остварувања што ќе бидат прикажани на четвртото издание на Меѓународниот фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“ што од 4 до 6 декември, под мотото „Ако сите светат, ти блескај!“, ќе се одржи во Кинотека на Македонија.

Овојпат ни стигнаа 326 филма што е навистина огромна бројка што не прави среќни и која речовито говори за растот на рејтингот на Фестивалот. Од тие филмови ги одбравме најдобрите и практично 20 од нив што ќе бидат прикажани во рамките на официјалната програма на „Анимакс“ .

Овие остварувања се одбрани од рекордно пријавените 326 анимации од 52 земји од светот што за организаторите е убава потврда дека манифетацијата се развива во добра насока и дека полека си го завзема своето место меѓу фестивалите од ваков вид во пошироки рамки.

„Овојпат ни стигнаа 326 филма што е навистина огромна бројка што не прави среќни и која речовито говори за растот на рејтингот на Фестивалот. Од тие филмови ги одбравме најдобрите и практично 20 од нив што ќе бидат прикажани во рамките на официјалната програма на „Анимакс“ во текот на предвидените три фестивалски дена се наградени со некоја престижна награда на некој од светските фестивали“, вели Кузман Кузмановски, првиот човек на „Анимакс Скопје фест“.

Тој појаснува дека нивното делување го темелат на заложбата за врвен квалитет и за разноликост на програмата и дополнува дека нему посебен феномен во оваа фестивалска приказна му станува едукацијата на публиката.

Анимакс си најде своја публика која од ден на ден се зголемува, која ја гледаме постојано присутна во киносалите и која по проекциите коментира знаејќи ја и разбирајќи ја анимацијата.

„Анимакс си најде своја публика која од ден на ден се зголемува, која ја гледаме постојано присутна во киносалите и која по проекциите коментира знаејќи ја и разбирајќи ја анимацијата.

На ова издание на „Анимакс Скопје фест“, за жал, ќе биде прикажан само еден македонски анимиран филм „Конзо“ на Иван Ивановски, а организаторите со верба дека догодина понудата ќе бе поголема се решија во соработка со Европската филмска академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк и Универзитетот за аудиовизуелни уметности –ЕСРА од Скопје да доделат две стипендии од по 3.000 евра. За стипендијата може да се пријават сите ученици од четврта година средно образование и лица со завршено средно образование кои поседуваат основно познавање за цртање. Од пристигнатите пријави ќе биде направен избор на шест апликанти кои ќе учествуваат на работилница за традиционална 2Д анимација во сабота, 6 декември, во просториите на Универзитетот.

Предавач на работилницата ќе биде Гоце Господиновски, а по завршување на фестивалот ќе биде објавен отворен повик за македонските аниматори за едноминутна анимација, исто така, во соработка со ЕСРА. Најдобрата анимација ќе биде наградена со стипендија во вредност од 3.000 евра.

А кога сме веќе кај пропратните активности да кажеме и тоа дека работилница на тема „Филмските фестивали - поттик и потреба“ на 5 декември со почеток во 12 часот ќе одржи Дорис Бауер од Австрија, а ден подоцна исто така во Кинотека, предавање ќе одржи Андреј Рубетској од Русија, режисер на познатиот цртан филм „Белка и Стрелка“.

Работилницата, пак, за деца на возраст од 8 до 13 години е именувана како „Трикови на анимирање“, а заинтересираните за учество можат да испратат лични податоци на интернет адресите на ова случување.

„На овој начин се обидуваме да го стимулираме македонскиот креативен потенцијал и да ги охрабриме младиве автори да покажат што знаат“, заклучува Кузмановски, убеден дека на тој начин на виделината на денот наново излегува нивната оснивачка заложба како фестивал да бидат „топол дом на аниматорите“ и да се залагаат за „враќање на златното доба на македонската анимација“.

Согласно традицијата и овојпат ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула, а за нив ќе одлучува интернационалното жири во состав: Мими Ѓоргоска-Илиевска, директорка на Кинотека на Македонија, Андреј Рубетској од Русија - режисер, аниматор, сликар и сценарист, Дорис Бауер од Австрија – кодиректор на фестивалот за краток филм „Еспресофилм“ и главен куратор на меѓународната програма за фикција и документаристика при „Виена индепендент Шортс“ и Диме Ратајкоски-главен и одговорен уредник на МРТ и автор на повеќе од 50 документарни емисии,филмови и репортажи.

Инаку, „Анимакс Скопје фест“ како организатор го потпишува продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со Креативниот центар „Тинтири-минтири“ и Кинотека на Македонија, а поддржан е од Министерството за култура и Град Скопје.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG