Достапни линкови

logo-print

Унгарија протестира за нарекувањето на Орбан „неофашистички диктатор“


Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија денеска го повика американскиот амбасадор да изрази протест поради изјавите на американскиот сенатор Џон Мекејн, кој го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан, „неофашистички диктатор“. За време на вчерашното сослушување во американскиот Сенат за новите амбасадори, Мекејн рече дека Унгарија е „земја која е на работ да му го отстапи својот суверенитет на неофашистички диктатор кој си легнува со Владимир Путин“. Унгарскиот државен секретар за надворешни работи Левенте Маѓар денеска му рекол на американскиот в.д. амбасадор во Будимпешта, Андре Гудфренд, дека таквите изјави се „неприфатливи“.

XS
SM
MD
LG