Достапни линкови

Литвански офицер обвинет дека бил белоруски шпион


Илустрација.

Илустрација.

Литвански воен здравствен офицер е обвинет дека бил белоруски шпион. Тој се сомничи дека пет години му предавал воени тајни на Главниот директорат за разузнавање на Белорусија. Обвинетиот 28-годишник е уапсен во јануари годинава. Властите во Вилнус минатиот месец соопштија дека уапсиле друг литвански државјанин, кој работел во компанија поврзана со воздухопловство, за шпионирање за Белорусија. Според обвинителството, двата случаи не се поврзани.

XS
SM
MD
LG