Достапни линкови

Ирански хакери пробиле во некои од најголемите компании во светот


Американска фирма за компјутерска безбедност, Сајланс, соопшти дека ирански хакери во изминативе две години пробиле во некои од најголемите енергетски, транспортни и инфраструктурни компании во светот. Во извештајот на компанијата се наведува дека, државните ирански хакери, ако никој не им се спротивстави, на крај ќе можат да влијаат и на „физичката безбедност во светот“. Портпаролот на мисијата на Иран во ОН, Хамид Бабаи, ги отфрли ваквите наводи како „неосновани и непоткрепени обвинувања фабрикувани за да му наштетат на имиџот на иранската влада“ и да ги поткопа преговорите меѓу Техеран и шесте светски сили за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG