Достапни линкови

Груевски: СДСМ повеќе не може да ја манипулира јавноста


СДСМ со обвинувањата за наводно фалсификување на пасоши шири груби манипулации и сосема е јасно како „Фокус“ има дојдено до материјалите и идејата за овие обвинувања. Тоа е груб обид да се наметне на некого вина дека изборите ги изгубиле зашто некој фалсификувал 200.000 гласови, рече денеска премиерот Никола Груевски.

„Не е здраво за демократијата да се има застранета опозиција која не е фокусирана на нови идеи и проекти, изјави Груевски, кој ја обвини опозицијата дека е целосно фокусирана на темна кампања, измислици, шпекулации и монтажи.

Тој истакна дека СДСМ се обидува да го манипулира народот со покажување некое мало машинче наместо машината за правење пасоши која е огромна и очекуваат некој да им верува дека на тоа се изработени 200.000 фалсификувани пасоши.

Од опозициската партија одговорија дека изјавата на Груевски е класичен притисок врз обвинителството и класична потврда дека во Македонија нема институции, туку се е Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

„Се разоткри обвинителот, истражниот орган, судот во оваа држава“, реагира СДСМ.

XS
SM
MD
LG