Достапни линкови

Груевски - Најавениот студентски протест е партиски мотивиран


Најавениот студентски протест е партиски мотивиран, рече денеска премиерот Никола Груевски. Тој очекува дека на наредниот протест ќе излезат помалку луѓе, најголем дел, како што рече, од подмладокот на СДСМ или „на друг начин мотивирани преку институциите што ги финансираат Владимир Милчин и Сорос“. Ако првиот пат кога излегоа на протест не беа информирани за концептот, сега точно се знае дека не е екстерно тестирање, туку државен испит и дека нема да ги опфати генерациите кои веќе се запишани на факултет, рече премиерот Груевски.

XS
SM
MD
LG