Достапни линкови

logo-print

Изгласана новата украинска влада


Украинскиот парламент ја изгласа новата влада на премиерот Арсениј Јацењук. Петте проевропски партии што ја формираат владината коалиција се обврзаа на обемна програма за реформи на земјата. Јацењук е премиер од февруари годинава, откако прорускиот претседател Виктор Јанукович беше соборен од власт. Во владата има и тројца странци кои претходно добија украинско државјанство. Министерка за финансии е Американката Наталија Јарешко која претходно работеше во Стејт департментот, литванскиот инвестициски банкар Аиварас Абромавициус е избран за министер за економија, а поранешниот грузиски министер за здравство Александар Квиташвили сега е на истата позиција во Украина.

XS
SM
MD
LG