Достапни линкови

Средношколско - студентско „НЕ“ за државниот испит


Средношколци.

Средношколци.

Средношколците се соочуваат со притисоци да не го поддржат маршот на студентите против државниот испит, вели Михаил Мофковски од Кочо Рацин. Но реформата ги засега токму нив, па затоа велат дека ќе се охрабрат и ќе кажат „не за државниот испит“.

Студентскиот пленум упати апел да се вклучат сите граѓани и заинтересирани страни на најавениот марш за наредната недела против воведувањето на државниот испит на универзитетите.

Притисоците врз средношколците се големи, како од самите професори, така и од директорите на средните училишта, да не излегуваат на протести и мислам дека секако средношколците ќе се охрабрат и ќе ги поддржат студентите на следните протести.

„Викај гласно за правда, за подобро образование. Викај гласно за уште еден студентски марш“, е пораката на пленумот испишана на нивната фејсбук страна.

Најповикани да се вклучат во маршот најверојатно се средношколците, бидејќи реформата во високото образование ќе започне да се применува од 2017 година, кога тие веќе ќе бидат студенти. Претседателот на училишната организација во средното училиште „Кочо Рацин“, Михаил Новковски вели дека средношколците ќе го поддржат маршот.

„Средношколците ги засега овој проблем, во наредните години тие ќе бидат дел од факултетите и нив ќе ги засега тој државен испит. И средношколците истот така кажаа „не“ на екстерното со организирање на протест, но владата беше глува за нашите проблеми и не ги прифати нашите барања“, вели средношколецот Новковоски.

Се разбира средношколците имаат право да одберат дали ќе им се приклучат или не.

Претседателот на коалиција на младински невладини организации „СЕГА“, Зоран Илиески вели дека сосема е легитимен повикот на студентскиот пленум до средношколците и тие имаат право да повикаат на поддршка од сите.

„Се разбира средношколците имаат право да одберат дали ќе им се приклучат или не. Во секој случај протестите како еден метод на застапување за одредено прашање се применуваат, но постојат и други форми преку кои Студентскиот пленум да дојде во дијалог со властите и да преговара за одредени решенија.“

Новковски вели дека средношколците се соочуваат со притисоци да не го креваат својот глас и да не излегуваат на протести.

„Притисоците врз средношколците се големи, како од самите професори, така и од директорите на средните училишта, да не излегуваат на протести и мислам дека секако средношколците ќе се охрабрат и ќе ги поддржат студентите на следните протести, како што покажавме кога и ние самите организиравме протести против екстерното тестирање во средните училишта“, вели тој.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми изјави дека не отстапува од идејата за воведување на државен испит и дека предлогот ќе биде доставен на наредната владина седница во вторник по што ќе биде отворена јавна дебата. Од студентскиот пленум најавија дека утре ќе го соопштат точниот датум на одржувањето на маршот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG