Достапни линкови

Македонија корумпирана, ама најмалку во регионот


Новата студија на антикорупциската организација Транспаренси Интернејшнал покажува дека според индексот за перцепција на корупцијата за 2014, Македонија е на 64 место од 175 земји во светот подредени од најмалку кон најмногу корумпирани. Со тоа земјава останува перцепирана како најмалку корумпирана на Западниот Балкан. Црна Гора е на 76 место, Србија на 78, Босна и Херцеговина на 80 и Косово на 110 место.

Резултатите од студијата покажуваат дека корупцијата на Балканот и во земјите од поранешниот Советски Сојуз останува широко распространета. Повеќето земји имаат под 50 поени, при што на скалата од 0 до 100, нула значи многу корумпирана, а 100 најмалку корумпирана. Грузија на пример е на 50 место со 52 поени. Минатата година Македонија била на 67 место.

На првото место веќе неколку години е Данска, а на последните места се Северна Кореја и Сомалија.

XS
SM
MD
LG