Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски на состанок на Глобалната коалиција


американскиот државен секретар Џон Кери

американскиот државен секретар Џон Кери

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски ќе учествува на денешниот состанок на Глобалната коалиција против милитантите на Исламската држава што во организација на Соединетите држави се одржува во Брисел. Станува збор за прв состанок на оваа коалиција на министерско ниво на кој ќе претседава американскиот државен секретар Џон Кери. Цел на состанокот на кој ќе учествуваат претставници на 60 земји е да се разгледаат политичките механизми и да се подобри координацијата на активностите на таа коалиција во борбата против милитантите. Министерот Попоски на вчерашниот состанок за натамошниот ангажман на НАТО во Авганистан најави дека Македонија останува во таа земја и по повлекувањето на борбените сили на Алијансата кон крајот на годинава.

XS
SM
MD
LG