Достапни линкови

Анархисти палеле автомобили во Атина


Анархисти вчера во центарот на Атина запалиле неколку автомобили и еден автобус на градскиот превоз во текот на судирите со полицијата. Нема извештаи за повредени или уапсени во судирите во кои полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. До насилството дојде по протестите во кои учествуваа околу 10 илјади луѓе во знак на поддршка на анархистот Никос Рамонос кој во затвор штрајкува со глад, барајќи дозвола да студира. Тој е осуден за вмешаност во оружен грабеж на една банка.

XS
SM
MD
LG