Достапни линкови

Обама бара од Конгресот да ја одобри помошта против еболата


Американскиот претседател Барак Обама го повтори повикот Конгресот да ја одобри финансиската помош од над 6 милијарди долари за борба против еболата во Западна Африка пред конгресмените да заминат на одмор по две недели. „Секое мало жариште може да стане опасен пожар, затоа ние не можеме да бидеме непретпазливи ниту минута“, изјави Обама. Од еболата досега починаа околу 6 илјади луѓе, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Бројот на инфицирани, според Светската здравствена организација, надмина 17 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG