Достапни линкови

Ирански воздушни напади врз милитанти на ИД во Ирак


Пентагон соопшти дека Иран извел воздушни напади врз милитантната група Исламска држава во источниот дел на Ирак. Портпаролот на Пентагон адмирал Џон Кирби изјави дека овие воздушни напади не биле координирани со американските сили. Според него, ова било за прв пат Техеран да изведува воздушни напади во Ирак. И досега Иран им помагал на ирачките сили во борбата против милитантите на Исламската држава. Вашингтон постојано повторува дека нема да ги координира воените активности со Иран.

XS
SM
MD
LG