Достапни линкови

Во Египет 188 луѓе осудени на смрт за убиство на 11 полицајци


Египетскиот кривичен суд осуди на смрт 188 луѓе, приврзаници на Муслиманското братство, поради вмешаност во убиството на 11 полицајци во напад врз една полициска станица во близина на Каиро. За да биде казната извршена, неа мора да ја одобри Врховниот верски лидер во земјата. Египетските власти уапсија и осудија на смрт неколку стотици членови на Муслиманското братство откако армијата го собори од власт муслиманскиот претседател Мохамад Мурси. Ниту една досега не е извршена.

XS
SM
MD
LG